Малиот Китон Џонс го допре светот со видеото, во кое се отвори пред мајка му, и проговори за насилството во училиштето. Видеото стана вирално, и ја крена целата УФЦ организација на нозе.
Многу од вас кои ќе го прочитаат ова биле жртви на насилство во училиште, на работа или на друго место. Повеќето ќе се согласат дека тоа е трауматско искуство за возрасна личност, а особено за едно дете во основно или средно училиште. Секогаш постојат оние „посилните“ кои си земаат за право да делат (не)правда над оние „послабите“, а за срам на светот, повеќето од таквите насилства поминуваат незабележано.
Малото момче Китон Џонс од САД е жртва на насилство во училиште. Тој не сакаше да ја сподели својата приказна сѐ додека неговата мајка не сфатила дека нешто не е во ред. И тогаш почнала силината на солзите и изобилство на емоции. Ова емотивно видео наскоро стана вирално.
„Зошто ме мачат, која е целта? Зошто уживаат кога се нечувствителни спрема невините луѓе? Тоа не е во ред. Му се потсмеваа на мојот нос, ми кажаа дека сум грд и дека немам пријатели…“, рече малиот Китон со солзи во очите, додека мајка му го снимала во автомобилот.
„Што ти направиле за време на ручекот“?- праша таа.
„Ме полија со млеко, ми ставија шунка во панталоните и фрлаа со леб врз мене“.
„Како се чувствуваш во врска со тоа“? – продолжила мајка му.
„Зошто токму мене ми го сторија тоа? Луѓето кои се различни не треба да бидат критикувани затоа што тоа не е нивна вина. Ако тие веќе те исмеваат, не треба да дозволиш тоа да те допира“, е последната реченица во видеото кое беше разгледано за кратко време од над 30 милиони луѓе низ целиот свет.
Реагираа УФЦ шампионите
Последната реченица на Китон. Полесно е да се каже, отколку истото да се направи, нели? Децата низ светот едноставно не знаат како да реагираат кога посилното и, во најголем број од случаите, неинтелигентното дете напаѓа, тероризира од ден на ден, исмева …
Голем број на MMA борците, денес се токму тоа што се, поради малтретирањето во училиште. И токму MMA борците од елитната УФЦ се здружиле, за да му помогнат на малиот Китон и во бората против насилството во училиште.
„Китон, јас ти го чувам грбот! Се подготвувам за твојата „следна борба“, само кажи и доаѓам! Дојди и биди дел од тренинзите во кампот. Не си сам. Јас сум овде за сѐ што ти треба“, му порача на Китон шампионот во тешка категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ.
Се јави и директорот на УФЦ, Дана Вајт, а исто така, доби порака за поддршка и од борецот во полутешка категорија, Даниел Кормиер, како и од шампионот на велтер категоријата, Тајрон Вудли. Се јавиле и Пол Фелдер, Кени Флоријан, Рашад Еванс, Рафаел дош Анхош …
Борците на УФЦ и шампионите со ова покажаа големо срце и кажаа големо „НЕ“на насилниците. Секој кој го чита ова и бил жртва на насилство или сѐ уште е, треба да знае дека постојат организации кои секогаш можат да ги контактираат. Исто така, сѐ повеќе луѓе се запишуваат на MMA часови, или курсеви за боречки вештини. Со причина. Тие обезбедуваат одредено самоодбранбено знаење, како и голема самодоверба.
Најлошо е да се молчи. Не треба да се плашите, гласно викнете и спротивставете му се на насилството. На крајот на краиштата, со својот придонес, овој свет го правиме подобро место.
https://youtu.be/E_8kQUI7pQc
.