Десетмина боксери се подготвуваат во Копаоник, а тројца од нив за Европското во Русија

Од звачера десетмина македонски боксери се на висински подоготовки во Копаоник, Србија, каде што во моментов има и други репрезентации.

Селекторот Петар Чурлиновски за подготовки ги избра младите боксери родени 2000-та и 2002 година, а тоа: Елес Асанов, Алпај Демиров, Серген Демиров, Хурмет Јонузи, Адријан Аземи, Трајче Илиоски, Ѓоше Ѓошев, Бујар Сали, Љиран Сали и Бобан Мијалев.

„Се работи на општо-физичката подготовеност и на техничко-тактички работи од 27 август до 4 септември. Учесрвуваат 10 боксери, од кои седум се во кадетска и три јуниорска конкуренција. Сепак, акцентот е на тројцата боксери во кадетска конкуренција Елес Асанов, Алпај Демиров и Ардијан Аземи кои ќе настапат на претстојното Европско првенство во Анапана-Русија од 8 до 17 октомври“, вели Чурлиновски.

Во исто време во Охрид се одржува камп за помлади боксери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON