Македонското олимписко таеквондо на секое наредно големо натпреварување потрврдува дека олимпиското таеквондо е носечки индивидуален спорт во Македонија, велат од Македонската таеквондо федерација (МТФ), нагласувајќи дека Меѓународниот турнур „Скопје опен Рамус“ од Г1 серија годинава бил еден од најмоќните турнири во Европа.
„Нашите репрезентативци се покажаа во вистинско светло. Тренинг камповите и посветеноста на федерацијата и клубовите носат вистински резултати“, велат од МТФ.
Македонските таеквондисти освоија 10 медали во сите конкуренции.

Освојувачи на медали:
Сениори:
Дејан Георгиевски +87 кг (ТК Бутел) – златен со две победи
Горјан Бадаровски +87 кг (ТК Тигри) – бронза
Јуниори:
Андреј Василевски -59 кг (ТК Бутел) – злато со четири победи
Христијан Симоновски -63 кг (ТК Младост) – злато со три победи
Ненад Целески +78 кг (ТК Хваранг фист) – сребро, една победа
Филип Каревски -59 кг (ТК Кобра) – бронза, две победи
Душица Бреслиева -55 кг (ТК Штип) – бронза, една победа
Антонио Негријовски -45 кг (ТК Феникс кик) – бронза, прво коло слободен
Кадети:
Мартина Наумовска -55 кг (ТК Феникс кик) – сребро, две победи
Марко Митевски -49 кг (ТК Тигри) – бронза, една победа