Дерик Луис: Ќе го нокаутирам Нгану во првата размена на удари

Дерик Луис верува дека ќе го нокаутира Фрeнсис Нгану во првата размена на удари.

Пред еден месец, Нгану ја освои титулата во тешка категорија по нокаутот над Стипе Миочиќ и сега сака повторно да се бори во август.

Во УФЦ имаа желба да се борта Нгану и Џон Џонс, но поранешниот шампион во полутешка категорија сака премногу пари. Дана Вајт не е подготвена да му ги даде, па го вклучува и Луис за да изврши притисок врз Џонс.

Доколку нема разбирање меѓу Џонс, УФЦ и Нгану, тогаш Дерик ќе добие уште една шанса за титулата. Пред 3 години ја видовме првата битка меѓу Луис и Нгану. Таа беше една од најздодевните во историјата, при што двајцата едвај се удираа.

Борбата, ако можеме така да ја наречеме, стигна до одлука на судиите која беше во прилог на Дерик. До денес, тие се критикувани за нивната изведба и сега е време за уште еден обид. Во интервју за ЕСПН, Црниот ѕвер се закани дека ќе победи со нокаут:

„Ќе биде забавна битка. Научивме многу од првата средба. И двајцата станавме подобри по таа средба и ќе биде забавно. Ќе има пет рунди во кои нема да има здодевност. Ќе има пет рунди размена на удари. Ќе биде интересно да се гледа и се возбудувам.

Ќе кажам дека ќе го нокаутирам Френсис Нгану во првата размена на удари. За малку ќе го нокаутирав Картис Блејдс во нашата прва размена. Сепак, тој реши да побегне од мене. Го чувствувам ова во моето срце.

Ако Нгану влезе во битка со мене како што влезе против претходните ривали, тогаш ќе го нокаутирам. Ако излезе против мене како што направи против Розенструик, тогаш дефинитивно ќе го нокаутирам. Се обвинувам за она што се случи во првата битка.

Нгану не беше виновен. Влегов во мечот без тренинг и правилно да се грижам за своето тело. Сега имам повеќе искуство и знам што да направам за да победам“, изјави Луис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON