Дерик Луис договори борба со Таи Туиваса

Дерик Луис неодамна уште еднаш го прозва Стипе Миочиќ и сакаше да се бори со поранешниот шампион, но УФЦ му даде уште друг противник.

По поразот во август од Сирил Гане во мечот за привремен шампион, Црниот ѕвер се врати со победа, а минатиот месец со нокаут го совлада Крис Даукаус.

Луис ќе го брани местото на ранг-листата на УФЦ во тешка категорија на 12 февруари против Австралиецот Таи Туиваса.

Нивната борба е вклучена во програмата на УФЦ 271 што ќе се одржи во Хјустон.

Бам Бам има четири победи по ред со нокаут, победувајќи ги Стефан Струве, Хари Хунсукер, Грег Харди и Август Сакаи.

Моментално е на 11-то место на ранг листата, а со победата против Луис има можност да го направи најголемиот скок во тешката категорија и да се најде меѓу кандидатите за предизвикувач.

Настанот во Хјустон е предводен од судирот меѓу Израел Адесања и Роберт Витакер. Тоа ќе биде реванш за титулата во средна категорија. Пред две години Изи му го одзеде шампионскиот појас на Роберт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON