Британскиот тешкаш Дерек Чисора го победи Бугаринот Кубрат Пулев со поделена одлука на судиите на боксерскиот настан во лондонската О2 арена, со што му се реваншира за поразот пред шест години.
Чисора на тој начин ја прекина серијата од три порази која ја започна од Александр Усик, а потоа двапати загуби од Џозеф Паркер.
Британецот на овој меч беше за нијанса подобар од Пулев, кој ја однесе предноста од еден судија (116-112).
Останатите двајца победата му ја доделија на Дерек (116-114 и 116-112), кој со тоа стигна до 33-от триумф во кариерата.
Борбата почна доста нервозно, а Пулев добро го искористи тоа, умешно собирајќи поени.
Додека Чисора бараше и погодуваше силни удари од телото, Пулев беше малку поактивен и го удри противникот повеќе од еднаш.
Но, како што борбата напредуваше, Дерек го засили темпото и стануваше се поопасен. Тој почна да презема иницијатива.
Во седмата рунда удри со моќна десно кроше кое го исече лицето на Бугаринот, кој возврати во осмата рунда, со десен аперкат го погоди Чисора.
И двајцата имаа свои моменти на крајот од мечот, но Чисора брилијантно се подготви за подолг меч, бидејќи неговите удари останаа многу силни, што остави подобар впечаток кај двајцата судии.
Дерек Чисора победи со поделена одлука.