Дерек Чисора го победи Ото Валин и предлага тројца противници за проштална борба (ВИДЕО)

Британскиот тешкаш Дерек Чисора (36-13, 23 КО) приреди убедлив настап пред својата публика во Манчестер за да обезбеди убедлива победа над Ото Валин (27-3, 15 КО 1 НЦ).

Дел Бој во 49-тата борба во кариерата добро го натепа Швеѓанецот и го победи со едногласна одлука, негова трета победа во низа (претходно ги победи Џералд Вашингтон и Џо Џојс).

Во исцрпувачкиот меч кој заврши со прекини на двете страни, Чисора двапати го собори Ото, во 9. и 12. рунда, за на крајот судиите да бодуваат во негова корист – 117-109, 114-112, 116-110.

Дерек (41 година) се обиде да го наметне својот ритам уште од првиот звук на гонгот, постојано притискајќи го Швеѓанецот со громогласна поддршка од публиката, меѓу кои беа и неговите колеги Дилиен Вајт и Џо Џојс.

Домашниот борец се закани со разни комбинации, на кои Валин немаше одговор, а на почетокот од мечот најмногу се бранеше. Но како одминуваше мечот, Швеѓанецот со директи се обидуваше да пробива дистанцата.

Чисора не застана, ја задржа агресијата и само го нападна противникот. Во петтата рунда дополнително го зголеми темпото, а Валин, сепак, делуваше прилично незаинтересирано, како да дошол во Манчестер да го одработи мечот.

Кон крајот на мечот ударите на Дерек станаа попогубни, а Ото се најде во сериозна неволја. Чисора неколку пати добро го потресе Валин и двапати се најде на подот.

Прво добро го погоди во деветата рунда …

…а потоа во 12. рунда, ефективно завршувајќи уште еден одличен настап:

Британската легенда пред извесно време најави дека сака да ја заокружи кариерата со 50-та борба, па за својот последен настап предложи три потенцијални противници – Ентони Џошуа, Даниел Дубоа или Александар Усик.

Боксерскиот промотор Френк Ворен на крајот откри дека Дел Бој ќе донесе кого сака за свој последен противник.

„Што и да посака Дерек, ќе го оствариме. Ќе седнеме на маса и ќе се договориме. Тој победи во елиминаторскиот меч за титулата на ИБФ која моментално ја држи Даниел Дубоа, така што тоа е една од потенцијалните борби – изјави Френк Ворен и додаде:

„Ќе му ја исполниме желбата. Неговиот настап вечерва беше одличен. Не можам да ви кажам колку сум горд на тоа како се бореше, а и Ото беше добар. За вистински натпревар се потребни двајца големи борци“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО