Дионтеј Вајлдер сè уште нема намера да се пензионира: Најдоброто допрва доаѓа

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер загуби четири од последните пет меча.

Бронзениот бомбардер двапати загуби од Тајсон Фјури, потоа го совлада Роберт Хелениус, а потоа подобри од него беа Џозеф Паркер и Жилеј Жанг.

Во пресрет на последниот меч во јуни  против Кинезоте, Вајлдер најави дека доколку загуби може да ја заврши кариерата.

Одлуката на Дионтеј се чекаше со нетрпение, но поранешниот шампион се уште не размислува за пензионирање, иако многумина го советуваат да го стори тоа.

На социјалните мрежи неодамна беше објавено видео од 38-годишниот Вајлдер со завој на десната рака, каде тој изјави дека ќе ја продолжи кариерата без разлика на повредата.

„Како што некои ми го трасираа патот, така и јас сакам да им возвратам на другите. Сите ние имаме величина во себе која се мери со услугата што ја даваме“, рече Деонтеј Вајлдер и додаде:

„Секој ден се трудам да им дадам нешто на другите бидејќи знам колку сум голем. Ако наидеме на пречка, не смееме да се откажеме. Без разлика колку пати паѓаме, мораме да станеме и да продолжиме. Најдоброто допрва доаѓа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thomas Dillemuth (@tomdillemuth)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON