Русинот Денис Лебедев ја одбрани титулата светски шампион во бокс за професионалци во леснотешка категорија на Светската боксерска асоцијација, победувајќи со технички нокаут во осмата рунда Латиф Кајоде од Нигерија.
Средбата се одржа на галавечерта во рускиот град Казан. За Лебедев (36 г.) ова е трета одбрана на шампионскиот појасв, кој до сега има 28 победи, од кои 21 со нокаут, и 2 порази.
Кајоде (32 г.) има 21 победа и 1 пораз.
https://youtu.be/MORwDtP9V6g