Денес почнува ЕП У-23 во Русе, Македонија со тројца борачи

Elmedin SP pobednik so Tur

Денеска во Русе-Бугарија почнува Европското првенство за борачи до 23 години. Нашата репрезентација во слободен стил ќе настапи со борачите на Лирија Елмедин Сејфулау ( 57 кг) и Раиф Камбери (61 кг) и Бехар Махмути од Тефејуз (-70 кг).

ЕП У-23, кое се одржува по втор пат, ќе трае до 3 април.

За ова ЕП се пријавени над 100 медалисти од големи првенства, а од нив 36 се шампиони. Во слободен стил Грузијците доаѓаат со европскиот сениорски шампион од Рига, Гено Петријашвили. Во турскиот тим најзвучно име е Рамазан Шахин, олимписки шампион од ЛОИ „Пекинг 2008“, а од Азербејџан – минатогодишниот број 1 Нурмагомед Годџиев (97 кг), како и двократниот светски првак во грчко-римски стил Мурад Мамадов (59 кг). Русите ги носат Артјом Сурков, најдобриот на ЕИ 2015 во Баку и Азамат Тускаев (57 кг), светски и европски шампион во 2014-та.
Ќе учествуваат над 400 борачи од 34 држави – Азербејџан, Австрија, Белгија, Белорусија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Шпанија, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Израел, Италија, Летонија, Литванија, Молдавија, Македонија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Словенија, Србија, Швајцарија, Словачка, Шведска, Турција и Украина.

Лани, во Валбжич, Полска, Халил Зубаиров во категоријата до 86 кг освои бронзен медал, прв по подолго време за еден наш борач на едно Европско првенство за сениори и У-23. Зубаиров нема можност да настапува бидејќи беше ранет во престрелка во родниот Дагестан и во моментов се опоравува со надеж дека ќе биде подготвен за некој од критериумските турнири за Олимписките игри во Рио 2016, што ќе се одржат во април, во Зрењанин, Србија и летово, во Улан Батор, Монголија и Истанбул, Турција.

Останатите наши борачи во Полска го имаа следниот пласман: Махмути беше единаесетти, Јасин Реџалари – 10, Бесмир Вејсели – 9 и Тимур Хамиков – 18-ти во грчко-римски стил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON