Ден Хукер: И двајцата со Конор Мек Грегор сакаме да се бориме

Конор Мек Грегор го именуваше Ден Хукер како негов следен противник со кој ќе се соочи во февруари 2025 година во Ријад. „Хенгмен“ е желен за ваква борба.

Во текот на изминатите неколку месеци, продолжија да се појавуваат нови информации за враќањето на „Озлогласениот“ во октагонот на УФЦ. Тој требаше да се бори на УФЦ 303 во јуни оваа година против Мајкл Чендлер, но се повлече поради повреда. Ирецот неодамна присуствуваше на галата на БКФЦ во Шпанија, каде накратко потврди дека ќе се бори со Хукер на 1 февруари 2025 година.

Ако му се верува на Мек Грегор, тогаш УФЦ планира голема гала вечер во Саудиска Арабија. Својот интерес за ваква борба „Хенгмен“ го потврди во интервју за Сабмишн радио.

„Јас сум подготвен и Конор Мек Грегор е подготвен. Сега само треба да се договориме со УФЦ и да ја потврдиме борбата“, изјави Хукер.

36-годишниот Мек Грегор (22-6 ММА) е неактивен од 2021 година откако ја скрши ногата во борбата со Дастин Пориер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON