Демијан Маја извојува победа која би можела да му ја донесе борбата за титулата во велтер категорија.
Поранешниот прдизвикувач во средна категорија во главната борба на УФЦ на Фокс 21 во Ванкувер за помалку од две минути го победи Карлос Кондит со давење од позади.
https://youtu.be/j3LRMZY6Qzg
На 38-годишниот Бразилец ова му е шестата последователна победа, а на Кондит првиот пораз со давење од 2006 и петти во последните седум борби.
Поранешниот шампион во лесна категорија, Ентони Петис, успешно се спушти во перолесна категорија. „Шоутајм“ со гилотина во третата рунда го совлада Чарлс Оливеира.
https://youtu.be/9G5lGcf60NA
Џим Милер по втор пат го победи Џо Лузон. 32-годишниот Американец во реваншот победи со поделена одлука на судиите.
УФЦ на Фокс 21:
Демијан Маја – Карлос Контид (давевње од позади, Р1)
Чарлс Оливеира – Ентони Петис (давење, гилотина, Р3)
Пејџ Ванзант – Бец Роулингс (КО, Р2)
Џим Милер – Џо Лузон (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Сем Алвеј – Кевин Кејси (ТКО, Р2)
Кајл Бочнијак Енрике Барзола (поделена одлука на судиите, 29-28, 27-30, 29-28)
Алесио ди Чирико – Гаерт Мек Лелан (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Фелипе Силва – Шејн Кембел (ТКО, Р1)
Чад Лаприс – Тибо Гути (ТКО, Р1)
Џереми Кенеди – Алесандро Ричи (едногласна судсика одлука, 30-27, 30-27, 29-28)