Демант на демант – Иловски: По втор пат, претседателот Драган Стојановски не ја зборува вистината!

Претседателот на Карате федерацијата на Македонија (КФМ), Драган Стојановски, излезе со демант во Ipon.mk (Демант – Драган Стојановски: Иловски изнесува целосно невистинити факти и понижувачки мислења!-објавен на 13.09.2017 г.) по текстот „Ламбе Иловски: Откажувањето на вицешампионите на Балканот е на душа на претседателот Драган Стојановски, не можев да ги запрам солзите“, обајавен на ден 18.08.2017 година, сега се огласи со демант на демантот и Ламберт Иловски.

Во целост ви ја пренесуваме реакцијата на Иловски.

Претседателот на КФМ, тогаш изјави „Укажувам дека текстот изобилува со невистинити факти и понижувачки мислења, кои очигледно исклучиво се дадени со намера за и имаат цел мое омаловажување и се дадени со намера да и наштетат на мојата чест и углед“, истакнуваше во демантот Стојановски.

,,Најодговорно и по втор пат изјавувам дека претседателот Драган Стојановски, не ја зборува вистината. Јас се прашувам дали тој знае воопшто и што значи зборот вистина. Сите негови ветувања и убедувања се сведуваат на крај во една голема контрадикторност. Сега зборува за чест и углед за нарушено достоинство и дека наводно бил омаловажен. Претседателе, сакам да ве прашам колку достоинства погазивте Вие? Дали сте свесни колку деца прерано откажавте од тренирање и ги препуштивте на улиците? А, сето тоа е поради тоа што вие си замисливте дека тие се ваши противници. Саката ли во еден следен допис да ви изготвам список на откажани спортисти, кои се откажале поради тоа што ја виделе поделбата која владее во КФМ, а лично вие ја направивте. Тие се откажале поради негрижата од ваша страна да ги задржите, а поголемиот број од нив биле репрезентативци, докажани спортисти и европски медалисти. Затоа сега и бројот на квалитетни сениори ви е 5-6 спортисти, не сметајќи ги спортистите од Металург и Макпетрол. Е, до тука е стигната работата.

Поради ова јас сум гневен. Не е само ситуацијата на ката тимот, вие имате безброј вакви ситуации, кога сте го потикнале откажувањето на спортистите. Кажувате дека ова се случило многу од дамна, е јас ќе ви кажам не е тоа оддамна. За нас тоа прествува неправда и здобиена рана која секојдневно крвари и никогаш нема да зарасне, така да знаете. Поради таа неправда се срушија и соновите на спортистите, да им се забрани настапување на Светско првенство и тоа од сопствената федерација, која постои и треба да го подржи тоа. Е, тоа е стварно несфатливо !!!

А дека јас ја зборував вистината и дека не лажам во мојот допис, еве ви уште една потврда која сега ја кажува Јордан Неделков, каратист студент дипломиран на Факултетот за безбедност во Скопје, тој исто така беше член на тимот и еве што изјави:

,,Јас бев дел од ката тимот и тврдам дека од страна на КФМ, не ни беше дозволено финансирање за настапување на светското првенство. Дури и кога нашиот матичен клуб  КК Металург, се понуди за самофинансирање сами да си платиме да учествуваме и да ги браниме боите на Македонија и тоа барање беше отфрлено од претседателот на КФМ. Јордан кажува дека турската репрезентација, освоила златен медал, а Македонскиот тим загубил со минимален резултат 2-3. Загубивме при давање знак за изведување на последниот удар во катата која се вика емпи (ова е технички момент), што се случи во финалната борба на Балканското првенство кое се одржуваше во Беликешир, Турција. Ние тогаш станавме балкански вицешампиони. Подоцна турскиот ката тим замина на Светското првенство и стана светски првак, тие  го освоија златниот медал, а на нас ни беше оневозможен настапот, ние останавме дома во Македонија. Тврдам дека нашата спремност и подготвеност како ката тим беше на највисоко ниво, сигурно ќе освоевме медал, но вие ни ги „врзавте“  рацете…жално“, заврши Јордан Неделков.

Претседателот Драган Стојановски да престане да се крие позади „Одлуките“ на ИО на КФМ. А како функционира ИО, тоа сите го знаат. Доволно е само да кажам дека за девет години ниту еден денар не донел ниту еден член од ИО на КФМ, како помош или поддршка за исполнување на некоја спортска активност. Ова е факт, а помагањето во Федерацијата за таа полесно да функционира е основно работно право на членовите на ИО. Тие не се избрани да ги трошат парите од Федерацијата, кои првенствено се наменети за спортистите, туку, напротив, треба да се обидат да помогнат, секој во своите можности. Ако не се во состојба да го направат тоа, тие треба да си заминат, а не да креваат два прста и да носат погубни одлуки и решенија за карате спортот и спортистите. Тие се однесуваат како да се најважни, затоа секогаш кога треба да патува репрезентацијата тие се први на списокот. Патуваат на сите првенства на трошок на Ферерацијата. Некои од нив цел свет го прошетаа без ниту еден денар, а потрошија огромни финансиски средства. Потоа нема средства за спортистите….

Факт е и следново, секој кој не е негов послушник, го принудува со помош на изгласани „Правилници“  и со оној фамозен параван од ИО на КФМ, сам да си плати за учество на балкански, европски и светски натпревари, сам да платиш да ја претставуваш државата???

Ова делување и практикување трае веќе девет години на владеење, еве дури сега после дадените изјави на некои незадоволни клубови, со тешко срце е принуден да ја менува политиката. Но тоа е, претпоставувам, само поради фактот што сега има големи финансиски средства, кои се слеваат во касата на Федерацијата, односно тоа се државни пари.

Апелирам институциите во системот да се запрашаат што се случува во најтрофејната и најдобрата спортска федерација.

Ова е и поради насоката дека младите во Македонија треба да бидат гласни критични и креативни, ова се зборови напремиерот на Македонија Зоран Заев.

И за крај, Вие Претседателе, не сте работеле и не работите ниту денеска за интересите на каратистите и на Федерацијата. Работите само за свои лични интереси кои се поврзани со финансиско потпомагање на клубовите и купување на нивните гласови, но не преку сметката на КФМ, ова го правите за да останете претседател, и на тој начин освоивте трет мандат, а имате близу 70 години? Секој ден што поминува а вие сте претседател, е погубен за КФМ. Ако имате чест и углед, а сакате да го зачувате „достоинството“ вие треба да си поднесете оставка во КФМ и да си заминете неповратно“, наведува Ламбе Иловски.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON