Дејвидсон Фигуередо и Џозеф Бенавидез се бореа во главната борба на УФЦ Фајт најт 169 во Вирџинија за титулата во мува категорија, но неа само Бенавидез можеше да ја освои, бидејќи Фигередо имаше поголема тежина на мерењето. Бразилецот се претстави во силно издание и беше близу до победа со завршница уште на почетокот.
Фигуередо се чини дека беше подобар и попрецизен во размената на удари, но Бенавидез одговори со добри удари. Во втората рунда, Фигередо зададе моќна десница и го повреди противникот. Бенавидез се опорави и му зададе добри удари на Бразилецот, но за време на размената, двајцата ги кренаа главите и тоа ја отвори аркадата на Џозеф. Крвта започна да тече од главата на Бенавидез, а Бразилецот зададе нова силна десница и го испрати противникот во нокаут.
Фигуередо се нафрли со удари на беспомошниот Бенавидез и го принуди судијата да ја прекине борбата во втората рунда. Така, со оваа победа титулата останува празна, а Фигередо сигурно ќе добие уште една шанса за неа. Бразилецот влегува во серија од три последователни победи, а Бенавидез по трет пат не успеа да стане шампион и се разделува со серија од три последователни победи.