Дејвид Прајс е готов за меч со Ентони Џошуа

Dejvid Prajs

Дејвид Прајс е подготвен да го предизвика шампионот на Меѓународната боксерска федерација, Ентони Џошуа, кој в сабота ќе ја брани својата круна против Доминик Бризил.

Британецот се обидува да се врати, откако забележа три порази во натпреварите против ривали кои користеле допинг. Тој веќе ја зазема 12 позиција во ранглистата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ). Тоа значи дека тој може да се бори за светската титула, ако Џошуа го избере за доброволна одбрана.

„Има оперделено место за човек како мене, кој може да ги нокаутира противниците и со двете раце. Мечот со Џошуа може да се случи уште оваа година. Не гледам друг боксер во Топ 15 кој може да го победи. Веројатно Ентони ќе се загледа во мене поради моите порази и ќе си помисли дека тоа е лесен натпревар“.

https://youtu.be/VOk4r0aekrk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON