Дејвид Хеј побара рицарско звање за Мухамед Али

Muhamed ali nokautira

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Дејвид Хеј побара легендата Мухамед Али да биде удостоен со рицарско звање за време на посетата на Лондон. Британецот го повика премиерот Дејвид Камерон да притисне и да го активира механозмот за укажување на почести.

Мухамед Али (74 г.) пристигнува во англиската престолнина следната недела. Тој ќе биде специјален гостин на изложба во салата „О2“, која е посветена на неговиот живот надвор и внатре во рингот.

Хеј дури иницира петиција, за која може да го поддржат неговите сонародници.

Мухамед Али е мој херој и инспирација, како на милиони други луѓе во целиот свет. Тој ме натера да станам боксер“, вели Хеј во соопштението и додадва: „Ова може да е последната посета на Али во Велика Британија. Тој треба да биде прогласен не само поради спортските достигнувања, но за неверојатната хуманитарна активност која ја развива многу години“.

Рицарското звање се дава многу ретко на луѓе кои не се Британци. Меѓу нив се режисерот Стивен Спилберг и фронтменот на У2 Боно Вокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON