Поранешниот светски шампион во две тежински категории – Дејвид Хеј, го сподели своето мислење за неуспехот на преговорите меѓу Украинецот Александар Усик и Британецот Тајсон Фјури да организираат меѓусебен дуел.
Беше објавено дека таборите не можеле да се договорат за финансиската компонента.
„Тоа е разочарувачки. Отпрвин слушате одвреме-навреме дека сè ќе се случи, а потоа разговорите престануваат. Мислам дека има причина зошто борбата се уште не се случила – некој не ја сака.
Често сум се нашол во ситуации кога се водеше голема борба и најдов начин да го направам тоа. Треба само да се најде компромис, златна средина.
Беше премногу великодушно од страна на Усик да прифати поделба на парите 30/70. Ова сугерира дека тој сака да се бори. Но, ништо не се случи после тоа“, рече Хеј на Јутјуб каналот на Секандс аут.