Дејвид Хеј го нокаутираше Марк де Мори во првата рунда (ВИДЕО)

David-Haye2

По три и пол години пауза, поранешниот светски шампион во две тежински категории, Дејвид Хеј (27-2, 25 КО), се врати на рингот во полната 02 Арена во Лондон против хрватскиот Австралиецот Марк де Мори (30-2-2, 26 КО).

haye de mori borba

„Hayemaker“ не губеше време и во првата рунда пред 16.000 навивачи го нокаутираше 33-годишниот Австралиец.

Англичанецот (35 г.) веднаш почна да притиска. На почетокот погодуваше со комбинација на 1-2, а потоа и со десен директ во главата. Па уште еден удар со десната рака го погаѓа де Мори во главата, а со иста рака добива удар и во телото. Опасното лево кроше сериозно го заниша де Мори, кој беше на јажињата. Потоа Австралиецот упатува бавен преден директ по кој Хеј контрира со десно кроше и се серија на удари го завршува „Доминаторот“ по 2 минути од борба.

„Повредата на рамото е минато. Чувствувам дека удирам посилно од било кога. Се чувствувам многу удобно по враќањето во рингот, како да се враќам дома. Сакам да продолжам понатаму против посилни, можеби незгодни противници по стилот, како би го продолжил подемот кон борбата за титулата. Фјури рече дека порадо би ја испразнил титулата наместо да се бори со мене, но не морам да барам борба со него, има поголеми борби, како онаа со Ентони Џошуа. Се вратив за големи борби. Сакам да ја обединам тешката категорија“, изјави Хеј по борбата.

На де Мори ова му е втор пораз во кариерата и прва од септември 2004 година.

https://youtu.be/A4FbPiOHWU4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON