Дана Вајт: Ќе го водам УФЦ додека не умрам

Претседателот на УФЦ Дaна Вајт изјави дека нема намера да ja напушти промоцијата и да се пензионира.

Вајт зеде голем процент од продажбата на УФЦ во 2016 година. Во тоа време, многу луѓе веруваа дека тој може да се повлече од бизнисот, но Дана не го стори тоа. Продолжува да работи, како и да создава нови работи. Дана заработува 20 милиони долари годишно од УФЦ и не планира да си замине.

Во едно неодамнешно интервју, Вајт рече дека планира да биде на чело на УФЦ додека не умре.

„Кога заработувате многу пари, сè околу вас се менува. Без разлика во која област од животот работите. Штом ќе достигнете одредено ниво на успех, мора да бидете посебна личност за да продолжите да се подобрувате секој ден. Кога ја продадовме компанијата во 2016 година, 99% од луѓето мислеа дека ќе се пензионирам.

Но, не сум таков човек. Сè уште создавам нови брендови и правам работи што не мора нужно да ги правам, но уживам. Никогаш нема да се пензионирам. Никогаш. Ќе продолжам да се занимавам со оваа работа додека не умрам“, рече Вајт, пренесе ММА манија.

До денес, Вајт поседува финансиски средства во вредност од 500 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dana White (@danawhite)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО