Дана Вајт ја објави борбената карта за УФЦ 306 во „Сфера“

Дана Вајт ја објави борбената карта за настанот УФЦ 306 кој ќе се одржи на 14 септември во Сфера во Лас Вегас.

Во главниот настан шампионот Шон О’Мели ќе ја брани титулата во бантам категорија. Тој се соочува со опасниот предизвикувач Мераб Двалишвили. Во коглавната борба шампионката во мува категорија Алекс Грасо ќе има трета борба со поранешната шампионка Валентина Шевченко.

Борбената карта за вечерта се состои само од 10 борби. Има акцент на борците кои имаат мексикански корени, бидејќи настанот е посветен на независноста на Мексико. Еве како изгледа мапата:

Шон О’Мели – Мераб Двалишвили
Алекса Грасо – Валентина Шевченко
Брајан Ортега – Диего Лопез
Естебан Рибовиц – Даниел Зелхубер
Ода Озборн – Роналдо Родригез
Игнасио Бахамондез -. Мануел Торез
Ирина Алдана – Норма Думонт
Кевин Борјас – Едгар Чаирез
Јазмин Јауреги – Кетлен Соуза
Раул Росас Јуниор – Аори Чиленг

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Pros Pick (@mma.pros.pick)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО