Дана Вајт е против преселбата на Переира во тешка категорија и открива: Џонс сака меч против Аспинал

На саботниот настан во Лас Вегас Алекс Переира загуби од Магомед Анкалаев со одлука на судиите и го загуби појасот на шампионот на УФЦ во полутешка категорија.

Спектаклот во Т-Мобиле арената понуди многу интересни и неизвесни борби, но сите ги интересираше дали бразилскиот борец по четврти пат ќе ја одбрани титулата во дивизијата, која ја освои во ноември 2023 година со триумфот над Јиржи Прохаска.

Минатата година Поатан ја одбрани титулата во дуелите со Џамахал Хил, во реваншот со Прохаска и против Халил Раунтри Јуниор, а во своите изјави го прозва шампионот во тешка категорија и еден од најдобрите ММА борци, Џон Џонс.

Но, по поразот, шефот на УФЦ Дана Вајт ги отстрани сите сомнежи за преселбата на Переира во кралската дивизија.

„Нереално е кога сакате да се искачите за две тежински класи во тешка категорија и да се борите со еден од најдобрите борци на сите времиња. Можеме да најдеме повеќе добри противници со кои Переира ќе се бори во полутешка категорија“, изјави Дана Вајт и додаде:

„Нема проблем ако некој борец сака да премине во повисока категорија, но прво мора да расчисти со својата поделба. А полутешката дивизија се уште не е расчистена“.

Првиот човек на најголемата светска организација ММА се осврна и на статусот на Џонс во тешка категорија.

„Џонс дефинитивно ја сака борбата против Аспинал. Моментално работиме на тоа и разговараме… Верувам дека борбата ќе се случи“, изјави Дејна Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО