Дана Вајт верува дека Џон Џонс е најдобриот ММА борец во историјата.
Тој исто така смета дека Хабиб Нурмагомедов имал потенцијал да се бори за оваа титула, но пребрзо ја завршил кариерата. Дебатите за тоа кој е најдобриот ММА борец во историјата се водат со години. Сепак, Дана Вајт не крие дека практично нема за што да се разговара, бидејќи Џон Џонс несомнено е број еден.
Како гостин во подкастот на Лекс Фридман, Вајт рече:
„Џон никогаш не бил победен. Ги уништи сите во полутешка категорија и во негово време беше најтешката категорија во УФЦ и во спортот. Потоа отиде во тешка категорија и лесно победи. Џон Џонс е најдобар, нема спор. Никој не може да ја доведе во прашање неговата супериорност.
Мора да се погледне и неговата долговечност во спортот. Можете да го мразите, но Џон Џонс е најголемиот борец на сите времиња. Хабиб Нурмагомедов имаше потенцијал да се бори за таа титула, но едноставно не остана доволно долго во спортот“.
Џон Џонс е поранешен шампион и доминатор во полутешка категорија. Зад себе има 29 борби, од кои 27 завршија со победа. Тој го освои шампионскиот појас во полутешка категорија во 2011 година и 13 пати ја бранеше титулата. Џонс се подготвуваше за дебито во тешка категорија повеќе од две години.
На УФЦ 285, кој се одржа на 4 март 2023 година во Лас Вегас, Џонс успешно се врати во октагонот на УФЦ и брзо го победи Сирил Гане. Така го освои појасот во тешка категорија. Требаше да се бори со Стипе Миочиќ кон крајот на минатата година, но се повлече поради повреда.