Велешанецот Дејан Стефановски (-77 кг) на 15 дена пред меч скокнува во игра,бидејќи бугарскиот ММА борец, Цветлин Гергинов, останал без противник.
Настанот „Кистмас фајт најт“ ќе се случи на 18 декември во Софија.
„Ја прифатив оваа борба за да не остане без противник Гергинов. Нема време да се подготвам,но машки ќе се истепам. Само, треба да знае дека ова ќе му биде најтешката борба во животот. За ови 15 дена максимално ќе ги искористам услугите на тренерите Дејан Митровски-Урко во кик бокс, во џудо на Ѕвонко Јаневски, во бразилско џиу џицу на Златко Петровски и на кондициониот тренер и за снага Иве Поповски“, вели Дејан Стефаноски,кој додава дека ќе даде се од себе и дека со нертапение го чека 18 декември.
Тој им се заблагодарубва на спонзорите кои го поддржуваат,како и на спаринг партнерите Дејан Трајковски,Никола Иванов, Пепи Димовски и Славче Тренковски.
Ipon.mk/В.Д.