Дејан Митровски – Урко повторно е избран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија

Дејан Митровски – Урко е реизбран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија на денешното изборно Собрание во Скопје. Митровски ги доби мнозинството гласови.

Противкандидат на Митровски му беше поранешениот истакнат македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев. Двајцата има свое излагање пред пристуните, при што мнозинството делегати на Собранието одлучија повторно да му ја дадат довербата даде на Дејан Митровски кој успешно изминативе години ја водеше една од најуспешните домашни спортски федерации.

„Задоволство ми е што продолжуваме на патот кој го започнавме изминативе години. Успеавме максимално да ја заживееме федерацијата која оваа година има и шест номинации во изборот за најдобар спортист на Македонија. Сето тоа укажува дека добро работиме, па продолжуваме во ист стил за развој на нашиот спорт“, истакна Митровски по реизборот за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО