Дејан Митровски – Урко: Очекувам 4-5 медали на Светското првенство во Будимпешта!

Димитар Ѓоргиев и Ненад Манојловски

Селекторот на македонската кик бокс репрезентација Дејан Митровски – Урко за Светското сениорско првенство во Будимпешта, Унгарија, од 3 до 12 ноември се определи за деветмина кикбоксери.

Боите на Македонија ќе ги баранат:

Хадис Рамадани –лоу кик -67 кг

Петре Велков – К1 -67 кг

Бобан Илиевски – лоу кик -75 кг

Мики Ивановски – К1 -86 кг

Јетмир Емрули – К1 -75 кг

Енвер Реџеповски – К1 -81 кг

Ненад Манојловски – Кик лајт -69 кг

Димитар Ѓоргиев – кик лајт -74 кг

Милан Кубин –кик лајт -89 кг.

Тренери на репрезентацијата кои ќа патуваат на СП се Дејан Митровски и Драган Атанасовски, како и судиите Андреј Ѓоргиев и Арбен Јонузи.

Репрезентацијата за Будимпешта заминува во петок на 3 ноември. На 3 и 4 ноември се пристигнувањата и мерење на сите борци, а на 5 ноември има семинар за судии, средба на ВАКО комитетот и официјалното жребање, додека на 6 ноември е церемонијата на отварање на шампионатот и почеток на квалификациски борби. Борбите се до 11 ноември.

На Светското првенството ќе учествуваат 1214 натпреварувачи, односно 1389 по дисциплини од 54 држави.

Да потсетиме дека на минатото Светско првенство во Белград во 2015 година Македонија освои два златни медали, Ненад Манојловски и Димитар Ѓоргиев и бронза за Стефанија Тодорова. Манојловски беше прогласен и за спортист на татамито. Ѓоргиев е трикратен светски шампион.

Во репрезентацијата по долго време, односно по освојувањето на бронзениот медал на Европското првенство во 2014 година и неколкуте меча во  почетокот на 2015 година. Енвер Реџеповски е ново име во националниот состав кој се настапува во САД.

„Добро се подготвени нашите репрезентативци, бидејќи индивидулано се работеше со секого. За да не ризикувам есо повреди го одложивме Државното првенство, затоа што беше познат списокот на патниците за СП. Ќе бидам нескромен и ќе кажам дека очекувам 4-5 медали од овој Светски шампионат“, вели селекторот Митровски и доадава: „Сите се подготвени, само сакам сите да се поддржуваат,односно да има колегиланост, дружење и бодрење за време на СП. Така се стигнува до успех“.

Во нашата репрезентација се во конкуренција за медали, затоа што Хади Рамадани имаше неколку профи настапи во кои триумфираше, Милан  Кубин имаше сигурни настапи во текот на целата година, како  и Бобнан Илиоски. Јетмир Емрули и Енвер Реџеповски се со големо искуство на светските рингови. Можеби на Мики Ивановски отсуството му е мал хендикеп, но тој е голем борец, како и надежниот Петре Велков.

Да се посетиме на СП 2015 во Белград

На Севтскиот шапионат во Белград Ненад Манојловски во категоријата до 69 килограми во кик-лајт, прво славешеее против Турчинот Искендер Челеби во динамична борба, со многу удари, контраудари, но извонредниот финиш придонесе судиите да му ја доделат победата на македонскиот кик-боксер.

Веднаш по него и двократниот светски првак, до тогаш, неготинецот Димитар Ѓоргиев беше подобар од Полјакот Јержи Вроски, во категоријата до 74 кг (кик-лајт). Мечот прилично доцнеше, и иако двајцата тактизираа, сепак победата му припадна на нашиот репрезентативец, со што е меѓу ретките што освоиле три светски титули едно по друго.

За успехот да биде уште поголем се погрижи Стефани Тодорова, која освои бронзен медал во дисциплината кик-лајт (до 60 кг).

Од друга страна, Ненад Манојловски беше прогласен за спортист на татамито. Тоа значи најдобар, најфер, најдобар техничар, спортист со големо срце.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON