Дејан Митровски-Урко е кандидат за претседател на ВАКО Балкан федерацијата и има поддршка од сите претеседатели на националните кик бокс федерации.
Утре во Кралјево, во склоп на Балканското првенство ќе се одржи Собрание на ВАКО Балкан федерацијата, на кое се очекува Митровски едногласно да биде избран за претседател на силната балканска федерација.
Инаку, Македонија ќе настапи со 73 натпреварувачи со 77 настапи на Балканското кик бокс првенство во Кралјево, Србија, од 17 до 19 јуни.
Шампионатот е во дисциплините К-1, лоу кик и кик лајт.
На Балканското првенство ќе настапат 212 натпреварувачи од 7 држави.