Дејан Митров со 17-тата титула го подобри апсолутниот рекорд на Македонија: Најтешко ми беше да ја освојам првата титула

Вчера Дејан Митров од Балканец го подобри апсолутниот рекорд по освоени титули во поранешна Југославија и Македонија, освојувајќи ја 17-тата титула на Државното првенство за сениори во борење слободен стил кое вчера се одржа во Штип.

Митров на вечната табела води 17 титули, по него следуваат Чедо Николовски со 13 титули, Коце Ефремов 11, Шабан Третсена 10, Шабан Сејди 10 итн..

Првата титула Митров ја освои во 2005 година на 60 килограми, потоа на 66 кг, каде што се задржува најдолго време. Како одминуваа годините така одеше во потешки категории, до 74 кг и 79 кг.

„Најтешко ми беше да ја освојам првата титула бидејки бев многу млад (кадет), а се борев за сениори, а знаеме дека тогаш имаше многу голема конкуренција“, вели Митров и додава:

„Покрај овие 17 титули за сениори, имам и 3 за кадети и 3 за јуниори. Ова е рекорд кој е тешко достижен во иднина“.

Дејан во кариерата има освоено медели на од Европското првенство 2004 во Истанбул за кадети и на ЕП 2007 во Белград за јуниори. На Светското првенство во Кина е 6-ти. Митров освои и две бронзи во сениорска конкуренција на Медитеранаки игри, во Мерсин 2014 и во Тарагона 2018 година.

Државни прваци на Југославија и  Македонија

1.Дејан Митров (Балканец, Хедис)

2005, 2006, 2007, 2008, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 2020, 2021, 2022, 2023 и 2025 -17

2.Чедо Николовски (Вардар, Бучим Јака)

1983, 1984, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989, 1990, 1991, 1992, 1993, 1994, 1995 – 13

3.Коце Ефремов (Спартак)

1975, 1976, 1977, 1978, 1979, 1980, 1981, 1986, 1988, 1993, 1996 – 11

4.Шабан Трстена (Лирија, Вардар, Скопје)

1981, 1982, 1983, 1984, 1985, 1988, 1989, 1990, 1996, 1997 – 10

5.Шабан Сејди (Скопје, Партизан Белград)

1976, 1977, 1978, 1980, 1982, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989 – 10

6.Трајан Ангелов (Бучим Јака)

1992, 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2002 – 10

7.Горан Атанасов (Бучим)

2001, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2011, 2012, 2016, 2019 – 10

8.Ристо Дарлев (Скопје)

1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1975, 1977, 1980, 1981 – 9

9.Љуљзим Вренези (Лирија, Скопје)

1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2002, 2003, 2004, 2009 – 9

10.Бобан Данов (Балканец)

2007, 2008, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2018, 2021 – 9

11.Фати Вејсели (Лирија) – 2017, 2018, 2019, 2020, 2021, 2022, 2023, 2024, 2025 – 9

12.Мирко Димчевски (Вардар)

1977, 1978, 1979, 1980, 1983, 1984, 1987, 1988 – 8

13.Шаип Бајарами (Скопје)

1975, 1976, 1977, 1978, 1979, 1982, 1983, 1985 – 8

14.Александар Стојанов (Бучим)

2001, 2003, 2005, 2006, 2012, 2017, 2019, 2022 – 8

15.Киро Ристов (Балканец)

1972, 1973, 1974, 1975, 1976, 1977, 1979 – 7

16.Влатко Соколов (Спартак, Бучим)

1991, 1992, 1993, 1994, 1995, 1996, 1998 – 7

17.Дејан Богданов (Балканец, Бучим)

2005, 2006, 2007, 2010, 2011, 2013, 2014 – 7

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО