Со денешниот триумф во категоријата до 86 килограми на Државното првенство во борење за сениори Дејан Митров од Балканец се зацврсти на тронот со најмногу освоени титули на државните првенства. Ова е негова 15-та титула.
Митров во финалето славеше против Горан Стоилов од Спартак.
Минатата година го симна од тронот дотогаш недостижниот Чедо Николовски кој има освоено 14 титули на сениорските држвани првенства, сметајќи ги и оние од поранешна Југославија. Борачот на Вардар, Николовски беше 13 пати шампион на Југославија и Македонија.
Митров постави рекорд кој тешко е достижен во наредните 10 години.
Да биде радоста поголема на Митров, неговиот клуб Балканец денес е најуспешен на Државниот шампионат, при што први места од освоија Егоров (65 кг), Шакиров (79 кг) и Ефтимов (97 кг).
Тој најавува учество на Европското првенство во Будимпешта во април.
На вечната листа на најтрофејни борачи нема поместување, Николовски е втор со 13 титули, па следи покојниот Коце Ефремов од Спартак со 11 златни медали, додека нашите најтрофејни борачи Шабан Трстена и Шабан Сејди, од Лирија и од Скопје, по 10 пати се државни прваци, а друштво и прават Трајан Ангелов и Горан Атанасов од Бучим.
Понатаму на оваа листа следат Ристо Дарлев (Скопје), Љуљзим Вренези (Лирија) и Бобан Данов (Балканец) со 9, Мирко Димчевски (Вардар) и Шаип Бајрами (Скопје) се со 8 титули.
Државни прваци на Југославија и Македонија
1.Дејан Митров (Балканец, Хедис)
2005, 2006, 2007, 2008, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 2020, 2021, 2022 -15
2.Чедо Николовски (Вардар, Бучим Јака)
1983, 1984, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989, 1990, 1991, 1992, 1993, 1994, 1995 – 13
3.Коце Ефремов (Спартак)
1975, 1976, 1977, 1978, 1979, 1980, 1981, 1986, 1988, 1993, 1996 – 11
4.Шабан Трстена (Лирија, Вардар, Скопје)
1981, 1982, 1983, 1984, 1985, 1988, 1989, 1990, 1996, 1997 – 10
5.Шабан Сејди (Скопје, Партизан Белград)
1976, 1977, 1978, 1980, 1982, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989 – 10
6.Трајан Ангелов (Бучим Јака)
1992, 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2002 – 10
7.Горан Атанасов (Бучим)
2001, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2011, 2012, 2016, 2019 – 10
8.Ристо Дарлев (Скопје)
1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1975, 1977, 1980, 1981 – 9
9.Љуљзим Вренези (Лирија, Скопје)
1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2002, 2003, 2004, 2009 – 9
10.Бобан Данов (Балканец)
2007, 2008, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2018, 2021 – 9
Ова се податоци на Славчо Тодоров кој е еден од авторите на монографијата за македонското борење и кој подготвува нова книга поврзана со боречкиот спорт во нашата земја.
Ако се направи збир на титулите по клубови на овие 12-мина борачи БК Скопје е убедливо со најмногу титули 27, пред Вардар со 21, Балканец и Бучим со 20, Лирија 19 и Спартак со 11.