Дејан Митров со 14 титули државен првак стана најтрофеен борач во Македонија

Дејан Митров (Балканец) го симна од тронот досега недостижниот Чедо Николовски по бројот на освоени титули на сениорските држвани првенства со вкупно освоени 14 титули, сметајќи ги и оние од поранешна Југославија. Борачот на Вардар, Николовски беше 13 пати шампион на Југославија и Македонија.

Митров постави рекорд кој тешко е достижен во наредните 10 години.

Борачот на Балканец вчера на Државното првенство во Скопје во категоријата до 86 килограми го совлада младиот и талентиран борач на Чаир Омер Адиловски кој живее и тренира во Франција под раководство на Хамди Адили. До златниот медал на Митров му бе апотребни тро победи.

Така, вечната листа на најтрофејни борачи дојде до поместување, Николовски е втор со 13 титули, па следи покојниот Коце Ефремов од Спартак со 11 златни медали, додека нашите најтрофејни борачи Шабан Трстена и Шабан Сејди, од Лирија и од Скопје, по 10 пати се државни прваци, а друштво и прават Трајан Ангелов и Горан Атанасов од Бучим.

Понатаму на оваа листа следат Ристо Дарлев (Скопје), Љуљзим Вренези (Лирија) и Бобан Данов (Балканец) со 9, Мирко Димчевски (Вардар) и Шаип Бајрами (Скопје) се со 8 титули.

Скорот може да го подобрат само Митров, Данов и Атанасов, ако се појават на утре се појават на Државното превнство за сениори и кадети во Велес.

Дејан Митров со наследниот Андреј Трајчов

Државни прваци на Југославија и  Македонија

1.Дејан Митров (Балканец, Хедис)

2005, 2006, 2007, 2008, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 2020, 2021 -14

2.Чедо Николовски (Вардар, Бучим Јака)

1983, 1984, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989, 1990, 1991, 1992, 1993, 1994, 1995 – 13

3.Коце Ефремов (Спартак)

1975, 1976, 1977, 1978, 1979, 1980, 1981, 1986, 1988, 1993, 1996 – 11

4.Шабан Трстена (Лирија, Вардар, Скопје)

1981, 1982, 1983, 1984, 1985, 1988, 1989, 1990, 1996, 1997 – 10

5.Шабан Сејди (Скопје, Партизан Белград)

1976, 1977, 1978, 1980, 1982, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989 – 10

6.Трајан Ангелов (Бучим Јака)

1992, 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2002 – 10

7.Горан Атанасов (Бучим)

2001, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2011, 2012, 2016, 2019 – 10

8.Ристо Дарлев (Скопје)

1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1975, 1977, 1980, 1981 – 9

9.Љуљзим Вренези (Лирија, Скопје)

1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2002, 2003, 2004, 2009 – 9

10.Бобан Данов (Балканец)

2007, 2008, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, 2018, 2021 – 9

Ова се податоци на Славчо Тодоров кој е еден од авторите на монографијата за македонското борење и кој подготвува нова книга поврзана со боречкиот спорт во нашата земја.

Ако се направи збир на титулите по клубови на овие 12-мина борачи БК Скопје е убедливо со најмногу титули 27, пред Вардар со 21, Балканец и Бучим со 20, Лирија 19 и Спартак со 11.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON