Во Кичево вчера се одржа Меѓународен пеливански турнир „Ускана 2016“ со учество на над 100 пеливани во пет тежински категории од Албанија, Бугарија, Косово и Македонија.
Најатрактивна беше борбата во средната категорија, каде што во финалето се сретнаа двајцата наши претставници, репрезентативецот Дејан Митров Дејан и Бислим Муртезани, доста познат борач во пеливанството, млад и преспективен.
„Се водеше цврста борба и на крајот Митров финалната борба ја заврши со туш и стана победник. Воедно таа порба беше прогласана за најдобра на турнирот, а градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, кој е голем љубител на овој спорт и воедно и беше главен спонзор на турнирот, му го врачи пехарот на Митров за заслужената победа во финалето“, велат Фдерацијата за пеливанско борење на Македонија.
Од Федерацијата истакнуваа дека имало доста интересни борби и нагласуваат дека претставниците од Албанија се покажале како многу цврсти и подготвени борачи, но нашитите преставници биле најдобри и освоиле најмногу медали. Притоа се констатира дека на терен се појавуваат добри таленти, како Фати Весејли кој во финалето кој изгубил од албанскоит претставник Синани, но оставил голем впечаток. Исто така и Бехар Махмути во финале се водел голема битка за првото место и на крајот славел победа на поени.
Пеливаните се натпреваруваа во пет тежински категори, а имало голем број и на пионери, што според претстваниците на пеливанскиот спорт тоа е сигнал дека има интерес кај нашата популација и дека се движи во добра насока.
„За разлика од пред 3-4 години, кога овој традиционален спорт стагнираше, сега, со новото раководство во Федерацијата, работите се сменија во позитивна насока. Впрочем, тоа се покажа и на самиот терен“, велат од федрацијата.
Ipon.mk/В.Д.