Дејан Мицкоски и Томе Јосифоски на семинар за џудо тренери и судии во Лисабон

Денес и утре во Лисабон, Португалија, се одржува меѓународен семинар за џудо тренери и судии. Семинарот е во организација на Европската џудо федерација на кој учество ќе земат околу 100 стручни лица (тренери и судии).

Џудо Федерацијата на Македонија ја претставуваат Дејан Мицкоски – лиценциран тренер А категорија, член на стручниот совет при Федерацијата и Дан комисијата при ЏФСМ, како и Томе Јосифоски – интернационален судија Б категорија и актуелен претседател на Судиската комисија при ЏФМ.

Целта на одржувањето на овој семинар е детална обработка и имплементација на изменетите судиски правила кои ќе важат за Олимпискиот циклус 2022-2024.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON