Дејан Георгиевски на Светскиот таеквондо Гранд при во Манчестер, Англија, вчера не се вмеша во борбата за медали.
На најсилниот турнир во годината – Г6, каде што настапија 32 најдобри натпреварувачи во светот, Георгиевски во првата борба загуби од турскиот репрезентативец Енбија Биџер со 0-2.
Во неговата катеорија над 80 килограми победи Бразилецот Маикон Сиквеира кој славеше против Каден Канинагам од Велика Британија, додека бронзите им припаднаа на Емре Кутламис Атесли од Турција и Чејк Сисе од Брегот на Слоновата Коска.
Првопласираниот ја освои и наградата од 5.000 долари.