Дејан Георгиевски: Се чуствувам и среќен и тажен! На олимписките квалификации одам на злато!

„Се чуствувам и среќен и тажен. Среќен затоа што направив уште еден историски резултат. Тажен затоа што ми го земаа златото од раце во трета рунда. Почнав со убедливо водство, ама тоа е тоа, одиме понатаму“, вели европскиот таеквондо вицешампион за олмписки категории Дејан Георгиевски во првите впечатоци по освојувањето на вториот медал од ЕП-а.

Колку ти фалеше за второто злато?

-Златото секогаш фали. Еднаш го освоив, но секако дека фалеше денеска. Ќе се потрудам во иднина да не фали.

Во јануари те чекаат квалификациите за ОИ. Каков е планот за квалификациите?

-За квалификациите нема калкулации, одиме на прво место! Таму олимписка норма освојуваат финалистите. Но, ние одиме на злато, тука нема дилема. Знам дека македонската јавност ќе се израдува со норма за Олимписките игри во Токио 2021.

Ќе го гледаме ли Дејан на Олимпијадата?

-Да, ако даде Господ ќе одиме во Токио! Знаете, и денеска беше претешко, 4 фулконтактни борби со класни борци, но кога мотивот е Македонија се е полесно.

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал Европското првенство во Сараево, БиХ, откако во финалето  загуби тесно 18-19 од Иранецот со српски пасош Махди Кобадбакши.

Геогиевски до финалето извојува три победи против Андреј Гарбар (Украина), Динко Шегедин (БиХ) и Рос Даниел (Шпанија).

Ова е историски медал за македонскиот олимписки спорт и секако за македонското олимписко таеквондо. Овој медал се вбројува во неколкуте медали на официјални Европски првенства освоени во олимписки спортови откако Македонија е независна држава.

Да потсетиме, Дејан Георгиевски во 2017 години беше европски сениорски шампион со пет победи на само 18 годишна воздраст.

Резултати
+80 кг
Дејан Георгиевски – Андреј Гарбар (Украина) 11-4
Дејан Георгиевски – Динко Шегедин (Босна и Херцеговина) 12-7
Дејан Георгиевски – Рос Даниел (Шпанија) 11-4
Финале
Дејан Георгиевски –  Махди Кобадбакши (Србија)  18-19

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON