Дејан Георгиевски освои сребро на Босна опен Г1 и нови бодови за олимписка норма

Најдобриот македонски таeквондист, Дејан Георгиевски освои уште еден вреден медал, овојпат сребро на Босна опен Г1 во Сараево.

Георгиевски освои важни бодови во битка за освојување на нова олимписка норма. Македонецот од значајниот турнир во БиХ се враќа со сребрен медал.

„Особено ни е драго што во полуфиналната борба со доминација го елиминиравме Бицер од Турција, борец од светска класа кој во минатото знаеше да ни нанесе проблем“, велат од Македонската таеквондо федерација.

Дејан Георгиевски на овој настан беше предводен од помошник селекторот Стефан Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON