Дејан Георгиевски освои бронза на „Гранд при Рим 2022“ Г6 серија, откако во полуфиналето беше поразен од порнешниот олимписки шампион Чеик Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска со 2-4.
Ова е најсилно рангиран турнир во олимписко таеквондо по Олимписките игри и Светско првенство, тоа значи дека е рангиран над Европско првенство.
Во прво коло заради високиот ранкинг на Дејан како носител беше слободен, а второто го победи Роберто Бота од Италија 2-1, додека во трето коло извојува победа над одличниот Маикон Сеиквира од Бразил 2-0.
Ова е прв медал на Гранд при турнирите за Македонија.