Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампшион, е најдобар меѓу македонските спортисти во изборот на најдобрите спортисти на Балканот за 2023 година во изборот кој традиционално го организира Бугарската новинска агенција.
Георгиевски е рангиран на 40-тото место, додека Елиф Елмас е седум места подолу, борачот Магомедов е на делба на 50-тото место.
Очекувано на врвот се најде српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој беше победник на ова јубилејно 50-то издание на изборот „Спортист на Балканот“.
За Ѓоковиќ ова беше рекордно осмо признание, пред неговиот сонародник, Никола Јокиќ. На третото место е Бугаринот Александар Везенков.
Најдобрите пет ги пополнуваат уште Гркот Милитадис Тетоглу кој европски шампион во скок од далечина и светската шампиона Ивана Шпановиќ од Србија.