Дејан Георгиевски (+87 кг) е во големото финале на Европските игри во Полска. Георгиевски го победи Иван Мартинез Гарсија 2-0 (Р1 4-2, Р2 8-3) во полуфиналето на таеквондо турнирот.
Дејан во финалето ќе ги одмери силите со Луис Канингам од Велика Британија.
Финалната борба е закажана за 20:35 часот.
Дејан одлично ја водеше борбата и не му даде шанса на Шпанецот да направи нешто повеќе во овој меч.
Резултати
Дејан Георгиевски – Матија Молин (Италија) 2-0
Дејан Георгиевски – Андриј Харбар (Украина) 2-1
Полуфинале
Дејан Георгиевски – Иван Мартинез Гарсија (Шпанија) 2-0
Финале
Дејан Георгиевски – Луис Канингам (Велика Британија)