Дејан Георгиевски има сигурна бронза на „Гранд при Рим 2022“ Г6 серија, односно најсилно рангиран турнир во олимписко таеквондо по Олимписките игри и Светско првенство, тоа значи дека е рангиран над Европско првенство.
Во прво коло заради високиот ранкинг на Дејан како носител беше слободен, а второто го победи Бота од Италија, додека во трето коло извојува убедлива победа над одличниот Маикон од Бразил.
Во 19:30 часот е полуфиналната борба со порнешниот олимписки шампион Чеик Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска.
Ова е прв медал на Гранд при турнирите за Македонија.