Дејан Георгиевски ја отвори новата олимписка сезона со сребрен медал на Тирана опен Г1

Дејан Георгиевски ја отвори новата олимписка сезона на Г1 турнири со сребрен медал.

Георгиевски на Меѓународниот таеквондо турнир „Тирана опен“ од Г1 серијата извојува две доминантни победи над Насо Марко од Италија и Плонис Артсиом од Белорусија за пласман во финалето.

Во финалето со тесен пораз изгуби од Сотириос од Грција.

„Во финалето Дејан се бореше со мала повреда која се надеваме дека за многу скоро ќе ја санираме“, вели селекторот Борче Костовски, притоа додава:

„Убав почеток со значајни бодови за олимпискиот ранкинг. Она што е важно да се спомене е тоа дека денеска го елиминиравме белорусинот Плонис кој на олимписките квалификации за Париз не спречи да обезбедиме норма“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО