Дејан Георгиевски имаше прием кај градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски. Георгиевски неодамна го освои бронзениот медал на Европското првенство за јуниори до 21 година во Софија, Бугарија, со кој влезе во македонската таеквондо историја.
Инаку, Дејан потекнува од Општина Бутел и е член на Таеквондо клубот Бутел.
Дејан и неговиот тренер Дарко Костовски кој е основач и тренер на ТКД Бутел и селектор на македонскиот тим добија честитки за историскиот прв медал за Македонија на едно ЕП.
Освен благодарницата, 17-годишниот Дејан Гергиевски ќе добие и соодветна еднократна финансиска награда, која е добредојдена за подготовките на претстојното Светско првенство во Кореа.
Да потсетиме дека Дејан се надеваше да го освои златниот медал, но повредата на стапалото го спречи во тоа. Ногата му е во лонгета и видно отечена се очекува брзо да заздрави пред двете големи натпреварувања кои се нова шанса за поголеми успеси.
Селекторот на македонската репрезентација во таеквондо, Дарко Костовски, му се заблагодари на градоначалникот Латиновски за несебичната поддршка во развојот на таеквондо спортот во Општина Бутел и изрази надеж дека нашите спортисти нема да ги гледаме само на европските и светските првенства, туку се големи шансите да биде обезбеден пласман и на претстојните олимписки игри во Токио во2020 година.