Дејан Георгиевски и Марко Стевиќ први на силниот таеквондо турнир „Софија опен“ (ФОТО)

Butel vo Sofija site 2016

На силниот Меѓународен турнир „Софија опен“ во главниот град на Бугарија натпреварувачите на Таеквондо клубот Бутел во елемнт- 2 злтани и 4 бронзени медали.

Butel vo Sofija 2016

Дејан Георгиевски во апсолутна категорија во јуниорска конкуренција втора година по ред на овој турнир освојува златен медал. Георгивески извојува три победи, од кои две со прекин, односно со нокаут.

Сениорот Марко Стевиќ во апсолутна категорија освои златен медал. Јуниорите Филип Додевски -73 кг и Иван Крстевски -55 кг се трети, како и кадетите Марко Аврамовски и Филип Стаменов, кои исто тка се закитијна со бронзени медали.

 Костадин Георгиевски (-68 кг) во сениорска конкуренција ја доби првата борба, а во втора беше поразен со златен поен, Ненад Мрчковски, Мери  Ацеска, Ана Марија Ѓеоргиевска, Ања Русовска имале одлични настапи.

 Сите резутати се во А-класа,црни појаси фул контакт борби.

„Овој пат, малку нескромно од мене, ќе си земам за право и ќе забележам, викендов ги поместивме нормите и испишавме нов лист во историјата на боречките спортови во Македонија. ТКД Бутел со одличен успех во два боречки олимписки спортови,за еден викенд: таеквондо и џудо. Во петок навечер заминавме за Софија, на еден од најсилните турнири во регионов,1200 такмичари од над 200 клубови од целиот свет“, вели Дарко Костовски од ТКД Бутел.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON