Дејан Георгиевски (+87 кг) сепласира во полуфиналето на таеквондо турнирот на Европските игри во Полска, откако славеше со 2-1 (Р1 2-4, Р2 7-0, Р3 16-14) против Украинецот Андриј Харбар.
Дејан во полуфиналето ќе ги одмери силите со Иван Мартинез Гарсија од Шпанија во 16:12 часот.
Во борбата со Харбар одлучувачка беше третата рунда, при што Дејан успеа да надополни негатива од 2-9.
Тој во првото коло славеше 2-0 (Р1 14-1, Р2 7-3) против со Матија Молин од Италија.
Резултати
Дејан Георгиевски – Матија Молин (Италија) 2-0
Дејан Георгиевски – Андриј Харбар (Украина) 2-1
Полуфинале
Дејан Георгиевски – Иван Мартинез Гарсија (Шпанија)