Дејан Георгиевски е европски вицешампион (ФОТО)

Дејан Георгиевски е вицешампион на Европа. Го делеа секунди од второто злато на европските таеквондо првенства во олимписки категории.

Денеска на Европско сениорско првенство во Сараево во финалето  загуби тесно 18-19 од Иранецот со српски пасош Махди Кодарбакши, иако имаше постојано водство речиси до самиот крај.

Геогиевски до финалето извојува три победи против Андреј Гарбар (Украина), Динко Шегедин (БиХ) и Рос Даниел (Шпанија)

Кобадабакши е поранашен светски ѓампион. Дејан во третата рунда влезе со водство 15-7. Но, спортот е суров. На нашиот репрезентативец му избега уште едно европско злато.

Ова е историски медал за македонскиот олимписки спорт и секако за македонското олимписко таеквондо. Овој медал се вбројува во неколкуте медали на официјални Европски првенства освоени во олимписки спортови откако Македонија е независна држава.

Да потсетиме, Дејан Георгиевски во 2017 години беше европски сениорски шампион со пет победи на само 18 годишна воздраст.

Вториот наш претсавник, Флип Додевски загуби од Хавиер од Шпанија со 9-22.

Утре настапува Анамарија Георгиевска.

Резултати

+80 кг
Дејан Георгиевски – Андреј Гарбар (Украина) 11-4
Дејан Георгиевски – Динко Шегедин (Босна и Херцеговина) 12-7
Дејан Георгиевски – Рос Даниел (Шпанија) 11-4
Финале
Дејан Георгиевски –  Махди Кобадбакши (Србија)  18-19

 -80 кг
Филип Додевски – Чикоте Хавиер (Шпанија) 9-22

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON