Дејан Георгиевски, Борче Костовски и МТФ номинирани за „Спортсит на годината 2020“

Заврши гласањето за „Спортист на годината 2020“ во организација на Агенцијата за млади и спорт, а како редакција се чудиме зошто Ипон.мк е изоставен од изборот на најдобар спортист.

Поповод номинирањето за Спортист на годината се огласи Македонската таеквондо федерација, како и ТКД Бутел, од една страна да се пофалат за номинациите кои ги имаат и ги прават најуспешна Федерација во изминатата, пред се, тешка година за спортот, но и стравување од начинот на кој се бира најдобриот спортист за 2020 година. Во МТФ стравуваат дека сребрениот медал на Дејан Георгиевски од Европското сениорско првенство (БиХ) во овој олмписки спорт нема да виде вреднуван.

„Оваа година македонското олимписко таеквондо се наоѓа во самиот врв на официјалниот избор за најдобри спортисти на Македонија за 2020 година, денеска завршува официјаното гласање врз основа на кое на крајот на месец февруари ќе бидат објавени најдобрите“, велат во обраќањето од МТФ и додаваат:

-Во категорија најдобар спортист сениор на Македонија, нашиот Дејан Георгиевски е второноминиран, веднаш до македонската спортска икона Горан Пандев;

-Во категорија најдобар тренер на Македонија, нашиот селектор Борче Костовски е второноминиран веднаш до Игор Ангеловски- Мрме, фудбал;

-За најуспешна спортска федерација во Македонија, нашата Македонска таеквондо федерација е вторноминирана веднаш по Фудбалската федерација на Македонија“.

Оваа година во врвот не вивна без дилема најголемиот спортски сениорски резултат за 2020 година, велат од МТФ, сребрениот медал на Европското сениорско првенство во Босна и Херцеговина освоен од нашата македонска најголема спортска и олимписка надеж во индивидуалните спортови, Дејан Георгиевски. Овој медал е освоен во спортот со сериозна олимписка трација Таеквондо.

„Преголемиот успех на македонската фудбалска репрезентација со кој се изборија за историски пласман на Европско првенство во оваа прилика срдечно им го честитаме и искрено посакуваме во иднина нашите фубалери да се борат не само за квалификување на ЕП, туку и за добар пласман, кој, секако, ќе донесе голема радост за Македонија и ќе го поткрене спортот генерално на едно повисоко ниво.

Во оваа прилика сакаме да истакнеме голема благодарност до сите помагатели и поддржувачи на македонското олимписко таеквондо, свесни сме дека веќе почнавме да пишуваме дел од македонската спортска историја, но сакаме да ве известиме дека ни одблиску не сме го кажале последниот збор.

Да се биде дел од најдобрите спортисти во Македонија е голема чест, но уште поголема одговорност за во иднина“, порачуваат од МТФ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON