Деновиве во Скопје се одржа состанок, на кој присуствуваа претставници од повеќе боречки клубови во Македонија, на тема: „Како да се „одмрзнат“ активностите во ФБСМ“.
„Се договоривме на 29 декември да се одржи вонредно Собрание на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, на кое ќе биде избрано Координативно тело, кое ќе раководи со Федерацијата. Во ова тело ќе влезат претставниците на четирите најдобри клубови во Македонија- Балканец, Лирија, Бучим и Тефејуз. Дополнително ќе биде избран претседател на Федерацијата“, ни рече Дејан Богданов, кој заедно со Гордан Николов и Давор Тасев се тренери во Балканец, а претседател е Виктор Богданов.
Дејан Богданов не информира дека деновиве ќе почне и реновирањето на салата, каде што тренираат борачите на Балканец, а тоа ќе овозможи подобри услови за работа на борачите, се разбира и резултати.
Ipon.mk/К.М.