Де ла Хоја: Головкин треба да си ја заслужи борбата со Канело

Првиот човек на „Голден бој промоушнс“, Оскар де ла Хоја, ги повтори зборовите на својот боксер, Канело Алварез, кој неодамна изјави дека Генади Головкин треба да си го заслужи третиот меч со него во септември преку победи и шампионска титула.

Де ла Хоја ги демантираше сите гласини дека  е среден третиот меч меѓу Головкин и Канело.

„Не е точно дека има договорен дуел меѓу Головкин и Канело во септември. Сто отсто се согласувам со кажаното од Канело. Головкин треба да си ја заслужи борбата со него.

Сега Канело е шампион и има многу можности пред себе – може да ја смени категоријата и да започне да пишува историјата … Ако ГГГ ​​сака да се бори со Канело, тој ќе мора да освои светска титула“.

Следната борба на Алварез е на 4 мај против Даниел Џејкобс Во Лас Вегас, а Головкин излегува на рингот на 8 јуни против Стив Ролс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON