Давор Тасев: Имавме добри подготовки на Китка, очекувам медали од Балканското и Европското (ФОТО)

Дваесетина пионери и кадети на македонската репрезентација во борење завчера ги завршија висинските подготовки на Китка.

„Тренираме напорно за да постигнеме и оваа година добри резултати, како што беше на Балканското првенство во Словенија.. Верувам во овие деца, кои се иднината на македонското борење“, вели тренерот на репрезентацијата Давор Тасев .

Тој вели дека сите го дале својот максимум и биле многу дисциплинирани и упорни.

За она што ги очекува во оваа година и што може да очекуваме од овие млади надежи Тасев истакнува:

„И оваа година не очекуваат учествата на многу меѓународни турнири, како и на Европското и на Балканско првенство на кои очекувам да се повтори успехот од Балканското во Словенија, но и и медал од Европското“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО