Хва ранг ИТФ за најдобар теаквондист во 2016 година го прогласи малиот Давид Крстески кој имаше феномални настапи на меѓународните турнири. Крстески на турнирот во Босна и Херцеговина ги собра сите аплаузи, а во Бугарија беше прогласен за најдобар на турнирот.
„ Во 2015-та кажав дека ни е најуспешна година, сега со гордост тоа го велам за 2016-та година, па се надевам дека и идната година ќе го кажам тоа за 2017-та година“, рече тренерот на Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид, Марјанчо Лазаревски, на традиционалната предновогодишна вечера на која одбележуваат успесите на членовите на клубот на домашно и меѓународно ниво.
Според Марјанчо Лазаревски, оваа година била доста плодна за нив со оглед на фактот што се освоени 90 медали.
„Се собравме тука за да направиме една ретроспектива на тековната 2016 година, за сите наши постигнати резултати и успеси во текот на годината. Можеме да се пофалиме дека оваа ни е најуспешната година за нашиот клуб, но и воопшто за теквондо ИТФ во Македонија. Годинава Македонија ја збогативме со 90 медали – 20 златни, 27 сребрени и 43 сребрени медали и пехар за најдобар млад натпреварувач“ истакна Лазаревски.
Неговите очекувања се дека во следната година клубот ќе продолжи со посилно темпо и ќе го даде својот максимум.
Ipon.mk/В.Д.