Давид Крстески најдобар јуниор на „Дубровник опен“

Викендов што помина (26 и 27 октомври) во Дуборник, Хрватска се, одржа Меѓународен таеквон-до ИТФ турнир „Дубровник опен“, при што натпреварувачите на МТТФ освоија 5 медали – 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзен, како и пехар за најуспешен борец во јуниори.

На турнирот учестваа околу 500 натпреварувачи од осум земји.

Давид Крстески од ТК Сонкал доби пехар за најдобар јуниор 16-17 години , откако освои златни медали во борби младинци У -18, 16-17 години, -63 кг и во форми младинци У -18 , 16-17години , црн појас 1 дан. Михаил Јоноски од Хва ранг ИТФ освои србрене медал во борби младинци У -18 , 16-17 години,-75 кг и 2 место во форми младинци У -18 , 16-17години , 4-3 куп. Владимир Димитиревиќ од Мастер се закити со бронза во борби младинци У -18 , 16-17 години,-75 кг.

„Иако преморени од претходниот викенд, нашите избраници дадоа се од себе и не израдуваа со добри резултати“, вели претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски и додава:

 

„Давид Крстески беше незапирлив во совјата категорија и во форми и во борби, беше награден за најдобар јуниор 16-17 години, додека Михаил Јоноски и Владимир Димитириевиќ кои се натпреваруваа во иста категорија во борби, на патот до златото беа немоќни против судиските одлуки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО