Дастин Пориее одговори на зборовите на Ислам Махачев кој смета дека Американецот е недостоен за шанса да се бори за шампионскиот појас. Пориер истакна дека многу подолго се натпреварува во октагонот на највисоко ниво и дека го сака Махачев за следен противник.
По неговата извонредна победа со нокаут на УФЦ 299 против Беноа Сент Дени, Пориер го привлече вниманието на шампионот во лесна категорија Ислам Махачев. Шампионот призна дека е подготвен да се бори со „Дијамантот“, иако не ја заслужува шансата.
Пориер не беше трогнат од зборовите на Махачев и ја истакна неговата улога во УФЦ и спортот воопшто:
„Тоа е негово мислење. Јас направив повеќе во ММА од него. Се борам овде долго време. Се борев пред да биде кул и се уште сум тука. Сè уште се борам на највисоко ниво. Можам секого да го победам во светот и се надевам дека тој е следниот. Тоа е 100% она што го сакам.
Тоа би бил мојот избор. Тоа е се што ми остана. Сум направил се во ММА. Започнав сопствен бизнис – дури и неколку. Се борев во толку многу борби во кариерата. Сум стоел во октагонот на УФЦ 30 пати. Моето семејство е решено.
Остварив се што зацртав, освен да ја освојам титулата. Ова е последното нешто што треба да го направам. Тоа е она кон што се стремам“, изјави Пориер.